Украина би можела да прифати прекин на огнот и да отстапи дел од територијата која веќе ја зазела Русија, како дел од мировен план поддржан од Европа.
Претседателот Володимир Зеленски им рекол на европските лидери дека треба да го одбијат секое решение предложено од Доналд Трамп кое подразбира откажување од дополнителна територија, но оставил можност Русија да ја задржи територијата што веќе ја контролира. Ова би значело замрзнување на фронтот на моменталните позиции и официјално предавање на контрола врз заземените области во Луганск, Доњецк, Запорожје, Херсон и Крим.
Стравот е дека Трамп и Путин би можеле да договорат крај на војната без учество на Зеленски. Европските дипломати предупредуваат дека Русија сè уште сака целосна капитулација на Киев, спречување на членството во НАТО и демилитаризација.
Украина би прифатила вакво решение само ако добие силни безбедносни гаранции – испораки на оружје и пат кон НАТО-членство. Европа застанува зад „црвената линија“ дека не смее да има отстапка на територии кои сè уште се под украинска контрола.
Доналд Трамп изјавил дека на средбата со Путин ќе се обиде да врати дел од територијата на Украина, но ќе има и „некои размини и промени“ во границите.