ПРВ.мк
Свет

Ќе ве изненадат овие бројки: Германците прашани дали би ја браниле својата земја – резултатите се разочарувачки

Ќе ве изненадат овие бројки: Германците прашани дали би ја браниле својата земја – резултатите се разочарувачки

Според ново истражување, само еден од шест жители на Германија би бил подготвен без двоумење да носи оружје и да ја брани земјата во случај на воен конфликт.

Во анкетата спроведена од истражувачката фирма ФОРСА за медиумската група РНД, 16% од испитаниците рекле дека „сигурно“ би се бореле, додека 22% сметаат дека „веројатно“ би го направиле тоа.

Меѓутоа, јасна мнозина – 59% – рекле дека „веројатно не би“ или „апсолутно не би“ ја браниле Германија со оружје ако земјата биде нападната. Кај жените овој процент е уште повисок и изнесува 72%.

Истовремено, повеќе од четвртина од испитаниците (27%) сметаат дека постои голема или умерена веројатност Германија да биде воена цел во наредните пет години.

59% од анкетираните веруваат дека Германија најверојатно ќе мора да пружи воена помош на друга членка на НАТО според обврските за заедничка одбрана.

Анкетата била спроведена на 28 и 29 јули, во време на интензивна дебата за подготвеноста на Германија да се брани, а учествувале околу 1.000 граѓани. Маргината на грешка е 3%.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape