ПРВ.мк
Балкан

ЦЕНАТА НА ГАРАЖИТЕ ВО БЕОГРАД СЕ ПОДИГА КАКО ЦЕНАТА НА КУЌИ ВО СРЕМ: КВАДРАТЕН МЕТАР ДО 4.000 ЕВРА И ЌЕ БИДЕ СÈ ПОСКАП

ЦЕНАТА НА ГАРАЖИТЕ ВО БЕОГРАД СЕ ПОДИГА КАКО ЦЕНАТА НА КУЌИ ВО СРЕМ: КВАДРАТЕН МЕТАР ДО 4.000 ЕВРА И ЌЕ БИДЕ СÈ ПОСКАП

Некои паркинг места во Белград чинат колку студио стан на периферијата или комплетно опремена куќа со двор во регионот на Мачва или Срем.

Гаражите се ценети недвижности, а нивната цена во Белград достигна дури 4.000 евра за квадратен метар. Паркинг местата поскапеа повеќе од 40% во однос на минатата година. Очекувањата се дека цените ќе растат додека бројот на паркинг места не се приближи на бројот на автомобили.

Слична ситуација се забележува и во Нови Сад, каде недостигот од паркинг места е се поголем. Агентите за недвижности велат дека има многу повеќе автомобили отколку гаражи и паркинг места.

„Цените сигурно ќе растат, а за оние што сакаат безгрижно да се паркираат на периферијата може да се купи паркинг место за 3.000 до 5.000 евра. Таму се и станбите поевтини“, вели Гордан Лемајиќ од агенцијата SOLIS во Нови Сад.

И во Ниш е слично – гаражите лесно се продаваат, а уште побрзо се издаваат.

„Цената зависи од локацијата каде се наоѓа гаражата или паркинг местото. Цените на паркинг местата варираат од 3.000 до 10.000 евра на одредени модерни локации, а цената на гаражите е од 7.000 до 15.000 евра во центарот на градот“, изјави Санде Блажиќ од компанијата „Блажиќ недвижности“ од Ниш.

Некои паркинг места во Белград чинат колку студио стан на периферијата или комплетно опремена куќа во регионот на Мачва или Срем.

„Одлична инвестиција за околу десет години“

Најчесто се продаваат паркинг места затоа што гаражите се сè помалку.

„Купувањето паркинг место е добра инвестиција, бидејќи во случај на зонска регулација, месечната надокнада што треба да ја плаќаме се исплаќа за околу десет години. Ако цените на паркинг местата не растат, а дневните тарифи се зголемуваат, тоа е одлична инвестиција за десетгодишен период“, објасни Марко Арсеновиќ, купувач на паркинг место во Белград.

Урош Јовановиќ од „ART недвижности“ во Белград рече дека паркинг местата се уште поредок ресурс од становите.

„Нашите прописи обврзуваат инвеститорите да обезбедат паркинг места според бројот на станови. Обично е меѓу 1,1 и 1,3 паркинг места по изграден стан. Значи, за зграда со 10 станови треба да обезбедите од 11 до 13 паркинг места“, истакна Јовановиќ.

Со проширувањето на аеродромот „Никола Тесла“, многумина видоа можност за заработка со изградба на паркинзи на земјоделско земјиште. Еден ден паркирање чини 500 динари.

„Одлучивме да закупиме земјиште и да отвориме паркинг места. Во моментов имаме 600 паркинг места, ова е исплатлива инвестиција и планираме проширување. Следна инвестиција ни е покривање на сите паркинг места. Овој паркинг е легален, со сите документи и дозволи“, рече Зоран Стоиљковиќ од фирмата „Fly zone parking“ од Сурчин.

Податоците покажуваат дека во последните години бројот на продадени паркинг места пораснал за повеќе од 65%. Најголем дел од нив се купени во Савски венец, Нови Белград и Звездара. Најевтината гаража во Смедерево била продадена за 300 евра, а најскапото паркинг место во Белград за 73.000 евра.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape