ПРВ.мк
Македонија

Голем пожар беснее помеѓу Катланово и Петровец, Ангелов ги смирува граѓаните – нема опасност за бензинската пумпа

Голем пожар беснее помеѓу Катланово и Петровец, Ангелов ги смирува граѓаните – нема опасност за бензинската пумпа
Escape

Попладнево избувна пожар на тешко пристапно место помеѓу Катланово и Петровец, кој засега е делумно локализиран и пресечен, информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој истакна дека пожарот не претставува опасност за блиската бензинска пумпа и дека скопските пожарникари се на терен и активно работат на ставање на огнот под целосна контрола. Утре се очекува во гаснењето да се вклучи и ер-трактор, како и дополнителни противпожарни возила.

„Пожарот се движи кон село Чифлик, а покрај тоа што е видлив од автопатот и предизвикува вознемиреност, нема причина за паника – нема да го зафати објектот на бензинската пумпа“, порача Ангелов.

Граѓаните се повикуваат на смиреност, бидејќи надлежните имаат ситуацијата под контрола и работат на брзо и безбедно гаснење на пожарот.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape