ПРВ.мк
Свет

Путин во шок – откажан големиот морнарички парад во Санкт Петербург поради безбедносни закани

Путин во шок – откажан големиот морнарички парад во Санкт Петербург поради безбедносни закани
Escape

Рускиот морнарички спектакл што секоја година се одржува во Санкт Петербург и кој претседателот Владимир Путин редовно го следи, годинава е откажан – за првпат од неговото воспоставување во 2017 година.

Официјално, од Кремљ соопштија дека мимопловот е поништен „од безбедносни причини“. Не беа наведени детали, но според информациите од Telegraph, украински дронови во неделата го таргетирале регионот околу Санкт Петербург, поради што аеродромот бил затворен пет часа.

Портпаролот Дмитриј Песков истакна дека „ситуацијата е сериозна и безбедноста е приоритет“. Годинава, организаторите веќе имаа намалено број на бродови, стравувајќи од можни напади.

И покрај откажувањето на настанот во Санкт Петербург, Путин сепак го посети градот и од патролен брод следеше воени вежби во Тихиот, Арктичкиот, Балтичкиот и Каспискиот Океан, каде учествуваа над 150 пловила и 15.000 војници.

– Денес го одбележуваме празникот со акција – преку проверка на борбената готовност на флотата, изјави Путин во видео обраќање.

Парадата требаше да биде кулминација на Денот на руската морнарица, кој традиционално се слави последната недела во јули.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape