Украинската безбедносна служба со нов прецизен удар во внатрешноста на Русија – уништија борбен тренажен авион Су-27УБ на аеродромот Армавир во Краснодарската област и сето го документираа на видео, кое го споделија со порака: „Ова ви е казна за злосторствата против нашиот народ“.
Станува збор за модел кој иако е наменет за обука, има целосни борбени способности и учествува во реални мисии. Авионите се користат во школата за пилоти на руската војска.
Експлозијата ги прекинала комуникациите во блиските населени места, а Киев тврди дека отпорот против Кремљ сè повеќе расте одвнатре. Потсетуваат и дека во јуни беа нападнати пет руски воени аеродроми во внатрешноста на земјата, каде беа уништени или оштетени десетици стратешки авиони.
Украина порачува: „Секој напад врз нашиот народ ќе биде казнет“.
Ask ChatGPT