Голем број граѓани денеска ќе останат без електрична енергија во повеќе скопски општини и села, поради планирани технички зафати од страна на ЕВН Македонија. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК), исклучувањата ќе се случуваат во различни термини, зависно од локацијата.
📍 Од 8:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат:
- жителите од улица „Тодор Чангов“ – крак 49 во општина Аеродром
- жителите на селата Кожле, Летевци, Бадар, Горно Блаце, Катланово и Градманци во општина Петровец
📍 Од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат исклучени:
- дел од жителите во село Мршевци
- објектите на фирмите: „Фреш Фарм“, „Солар Ентра“, „Мијак“, „Си Мао“ и „Солант“
- корисниците од селата Бунарџик и Ајватовци во општина Илинден
📍 Од 10:00 до 14:00 часот струја ќе нема и за:
- дел од жителите на улица „Нерешка“ во општина Карпош
РЦУК апелира граѓаните да се информираат навреме и да ги прилагодат своите дневни обврски, особено оние кои се потпираат на користење на електрична енергија, со цел да се избегнат непријатности и прекини во работниот процес.