Британската пејачка со албанско потекло, Рита Ора, повторно го привлече вниманието со своето необично модно издание додека прошетуваше со сопругот во Сен Тропе.
Таа носеше тесни црвени шорцеви украсени со метални нитни, комбинирани со впечатлива жолта маичка на која пишуваше: „Ги обожавам печурките“. За дополнителен ефект, Рита одбра долги црни чизми со потпетици до колена, што е необично за температурите што надминуваа 30 степени.
Изгледот го надополни со чанта на рамо со зебра принт, златни прстени, сребрени нараквици и црни очила за сонце.

Нејзиниот сопруг, новозеландскиот актер и комичар Таика Ваитити, кој е со неа речиси три години, ѝ се придружи во прошетката. Следниот месец двојката ќе ја слави третата годишнина од бракот.
Рита Ора е позната по своите смели модни избори и не се плаши да ризикува кога е во прашање стилот.