ПРВ.мк
Магазин

Како Шпанец без љубов кон кучињата урна светски рекорд токму поврзан со нив

Како Шпанец без љубов кон кучињата урна светски рекорд токму поврзан со нив
Escape

Колекционер од Тераса остави зад себе неверојатна збирка и влезе во историјата

Шпанскиот колекционер Мариа Габаро не бил љубител на вистински кучиња, но сепак посмртно беше вклучен во Гинисовата книга на рекорди благодарение на најголемата колекција на предмети поврзани со кучиња – неверојатни 5.025 фигури, плишани играчки и стапови за одење.

Габаро, трговец од градот Тераса, околу 30 километри оддалечен од Барселона, ја започнал својата огромна колекција на фигури кога имал над шеесет години.

Кога минатата година починал на возраст од 94 години, неговите деца одлучиле да проверат дали хобијата на нивниот татко можеби поставила рекорд, пренесува Ројтерс. Габаро ги набавувал фигурите од пазарите, а како што растела колекцијата, така му требало и сè повеќе простор. На крајот ги сместил во две куќи, каде зазеле навистина голем дел од просторот.

Тереса Габаро, 54-годишната ќерка и една од четворицата деца, сега му дозволува на својот западно-шкотски бел териер да си игра со плишаните играчки што нејзиниот татко ги собирал со години.

– Моите родители навистина ги сакаа вештачките кучиња, но не и вистинските – изјави Тереса за медиумите.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo