ПРВ.мк
Свет

Уапсени уште двајца педофили на хрватска плажа – ги снимале голите деца

Уапсени уште двајца педофили на хрватска плажа – ги снимале голите деца
Escape

На 26 јули, околу 12:45 часот, обезбедувач во туристички објект во Истра забележал 56-годишен руски државјанин како тајно снима голи деца со мобилен телефон. Тој бил задржан до доаѓањето на полицијата.

Неколку часа подоцна, околу 14:40 часот, бил фатен и 52-годишен германски државјанин во сличен случај. Полицијата, по судска наредба, извршила претрес на нивните соби и електронски уреди и открила инкриминирачки материјал.

Следниот ден, на 27 јули, двајцата мажи биле предадени во притвор со кривична пријава.

Ова не се изолирани случаи – само годинава, неколку лица се уапсени поради педофилија на Јадранскиот брег. Пред неколку дена, беше приведен американски државјанин кој користел шпионска камера вградена во очила за сонце, а кон крајот на јуни, 67-годишен маж користел камера скриена во хемиско пенкало. Утврдено е дека педофилите користат различни методи за да ги прикријат уредите со кои ги снимаат децата.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo