ПРВ.мк
Македонија

Ни изгоре Македонија: 7 активни пожари се шират низ земјата, најтешка состојба во Прилеп и Малешевијата

Ни изгоре Македонија: 7 активни пожари се шират низ земјата, најтешка состојба во Прилеп и Малешевијата
Escape

Според најновите податоци од Центарот за управување со кризи, во изминатото деноноќие се регистрирани 27 пожари на отворен простор низ Македонија, од кои седум се уште активни и го загрозуваат природното богатство и безбедноста.

Најкритично е во регионот на Василево, Радовиш и Берово, каде огнот беснее во Малешевските планини и планината Голем Готен, зафаќајќи нискостеблеста шума и сува вегетација. Во Прилепскиот регион огнот се шири кон селата Бешиште и Градешница, а интервенирањето е отежнато поради детонации.

Пожари гореа и во околината на Кавадарци, Македонски Брод, Македонска Каменица, Чашка и Кичево. Три пожаришта се ставени под контрола, но ситуацијата останува критична.

Граѓаните се повикуваат на зголемена внимателност и соработка со спасувачките служби за да се спречи понатамошно ширење на пожарите.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo