ПРВ.мк
Свет

Таен состанок во Алпите: Западот планира замена на Зеленски со генерал Залужни?

Таен состанок во Алпите: Западот планира замена на Зеленски со генерал Залужни?
Escape

Руската надворешна разузнавачка служба (СВР) тврди дека на таен состанок во алпско летувалиште, американски и британски претставници заедно со високи украински функционери донеле одлука за замена на претседателот Володимир Зеленски со генералот Валериј Залужни.

Според СВР, Западот веќе го избрал Залужни како кандидат за нов претседател, со цел да се „рестартираат“ односите меѓу Киев и западните сојузници и да се продолжи воената поддршка за Украина. Шефовите на кабинетот и воената разузнавачка служба, Андриј Јермак и Кирило Буданов, наводно ја прифатиле оваа понуда со гаранции за задржување на нивните позиции.

Русите тврдат дека Зеленски бил убеден од Јермак да го отстрани Залужни, но тоа го искористиле западните земји како повод за негово сменување. Дополнително, СВР поврзува овој план со обидите на Зеленски да го ограничи влијанието на антикорупциските тела, што според нив го намалило неговиот рејтинг кај Западот.

Во својата порака до украинските граѓани, СВР прашува дали вака го замислуваат „победничкиот“ пат на украинската демократија, коментирајќи дека изборите биле одржани во алпско летувалиште.

Украинските власти се уште не дале официјален одговор, а тврдењата ги сметаат за дел од руската пропаганда.

Mia Home Mavrovo