Селата Подреш, Јаргулица и Покрајчево минатата ноќ беа на само 500 метри од фронтот на огромниот пожар што се шири во Малешевијата. Според извори од теренот, пожарот се протега низ три општини – Радовиш, Василево и Берово – на должина од дури 40 километри.
Советот на Општина Радовиш веќе прогласи кризна состојба, а противпожарни тимови и доброволци храбро се борат со огнените јазици.
Во текот на утрешниот ден, се очекува пристигнување на 50 пожарникари од Словенија и хеликоптер од Чешка, како поддршка во гаснењето на пожарите во Малешевијата.
И во соседна Бугарија ситуацијата е сериозна – гори целиот Пирински регион до границата со Грција и кон Трнско.
Информациите се пренесени од локални координатори, без официјална потврда од надлежни институции.