Капачите едвај ја спасија главата
Илјадници тони карпи паднале врз плажа во крајбрежниот град Бадли Салтертон во источен Девон, Англија, при што капачите во паника почнале да бегаат за да се спасат.
Густ облак црвена прашина се кренал над морето, а „експлозијата“ ги заробила луѓето кои се наоѓале на плажата. За нивното спасување морал да интервенира спасувачки чамец.

Моментот што предизвикува страв е снимен во саботата, а очевидецот Џејмс Волтерс изјавил дека „веројатно се урнале илјадници тони карпи“.
За среќа, никој не е повреден, но туристите кои останале заглавени на плажата биле евакуирани со спасувачки брод.
– Им благодариме на сите кои учествуваа во акцијата за брзата реакција. Потсетуваме: карпите долж оваа обала се нестабилни. Држете се на безбедно растојание и следете ги сите локални безбедносни предупредувања – објави спасувачкиот тим.
Областа околу урнатата карпа е затворена, а туристите се замолени да не ја заобиколуваат забраната и да го избегнуваат тоа подрачје.
Ask ChatGPT