Мартин Л. (37), државјанин на Словачка, признал дека убил три лица во германскиот град Цвизел. Според извештаи, полицијата пронашла делумно распарчени тела во фрижидер и на други локации покрај велосипедска патека. Телата припаѓаат на две жени на возраст од 22 и 26 години и маж од 57 години.
Една од жртвите била пријавена како исчезната уште во средината на јуни, а кратко по пријавата, нејзината пријателка која ја пријавила исто така била убиена. Според обдукцијата, двете жени биле мртви со недели.
Жителите на куќата во која биле пронајдени телата се во шок. „Сè ни превртија наопаку во два дена. Не можеме да веруваме што се случило во нашата куќа“, изјавил еден од станарите. Полицијата се сомнева дека Мартин бил во врска со една од жртвите.
По убиствата, Мартин побегнал преку границата во Австрија, каде што бил уапсен во Линц, во состојба на психолошки шок. Тој се наоѓа во психијатриска болница, а германските власти побарале негова екстрадиција. Му се заканува доживотен затвор.