ПРВ.мк
Македонија

Се зголемуваат стоковите резерви: Влада купува пченица и ориз од македонските земјоделци

Се зголемуваат стоковите резерви: Влада купува пченица и ориз од македонските земјоделци
Escape

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека Владата донела одлука за значително зголемување на резервите од пченица и ориз од реколтата за 2024 година. Според него, ќе бидат купени околу 9.000 тони пченица и 2.400 тони ориз и оризова арпа.

Мицкоски потенцира дека индивидуалните производители можат да конкурираат со количини од 5 до 30 тони пченица, а кај оризот и оризовата арпа од 3 до 20 тони.

Ова е првпат Владата да воведе стратешка поддршка за оризот преку измени во законодавството, со цел да им се помогне на производителите и да се зајакнат стоковите резерви на земјата. Премиерот оцени дека оваа мерка ќе им олесни на земјоделците во предизвиците со кои се соочуваат.

Mia Home Mavrovo