ПРВ.мк
Македонија

Крај на бесплатниот паркинг во Аеродром: од септември ќе се наплаќа паркирањето и во Реонски центар и во Ново Лисиче

Крај на бесплатниот паркинг во Аеродром: од септември ќе се наплаќа паркирањето и во Реонски центар и во Ново Лисиче
Escape

По барање на жителите, од септември ќе се воведе зонско паркирање и наплата во населбите Реонски центар и Ново Лисиче, со што завршува ерата на бесплатен паркинг во овие делови од Општина Аеродром.

В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, најави дека до крајот на септември наплатата на паркинг ќе започне истовремено во двете населби, кои досега беа единствените зони во општината каде паркирањето беше бесплатно.

„Зонското паркирање го управува ЈП Градски паркинг – Скопје, но ние сме во постојана координација со нив. Општината го изготви потребниот проект и се очекува одобрување од Град Скопје и Министерството за внатрешни работи. Верувам дека најдоцна до крајот на септември системот ќе почне да функционира во Ново Лисиче и Реонски центар“, изјави Митески.

Откако ќе добијат зелено светло од надлежните институции, ќе следи бележење на паркинг местата и поставување на информативни табли. Воведувањето на наплатата ќе биде синхронизирано во двете населби, со цел да се спречи миграција на возила од едната кон другата зона.

Жителите долго време се жалат дека паркирањето во овие реони е речиси невозможно. Тие укажуваат дека на паркинзите пред зградите секојдневно се паркираат автобуси, комбиња и возила од други општини каде зонското паркирање веќе е воведено и наплатено, што дополнително го отежнува нивниот секојдневен живот.

Со воведувањето на зонското паркирање, се очекува подобрување на условите за паркирање и зголемување на достапноста на паркинг просторот за жителите на овие населби.

Mia Home Mavrovo