ПРВ.мк
Македонија

Жена што го нарекла „циркузант“ го молела за спас – потресна исповед на Кире Михаилов од пожарот во Софилар

Жена што го нарекла „циркузант“ го молела за спас – потресна исповед на Кире Михаилов од пожарот во Софилар
Escape

Кире Михаилов, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, кој веќе денови наназад се наоѓа на првата линија во битката со пожарите во Македонија, објави длабоко лична и емоционална приказна од теренот, која открива колку брзо човечките ставови можат да се сменат во моменти на очај.

Во својата објава на социјалните мрежи, Михаилов раскажа дека за време на интервенција кај село Софилар, му пришла жена која со години го навредувала на интернет, па дури и неодамна во видео го нарекла „циркузант“. Но, кога пожарот се доближил до нејзиниот имот, таа го фатила за рака и со трепетен глас му рекла: „Кире, те молам, одете тука, имаме и ние таму имот“.

Без двоумење, Михаилов веднаш реагирал, не прашувајќи дали станува збор за куќа, викендица или нешто друго. Според него, во очите на жената ја видел срамот, искрен и човечки, но не ѝ спомнал ништо за нејзините поранишни зборови – само постапил како човек.

Во објавата, Михаилов исто така ја истакнува ефикасноста на специјалните возила – пинцгауерите – при интервенции на тешки терени. И со длабока благодарност им се заблагодари на сите пожарникари, волонтери и служби кои со сопствениот живот го бранат народот и природата од огнената стихија.

Тој завршува со моќна порака: „Одам да бидам рамо до рамо со сите оние кои жртвувајќи ги своите животи се борат со огнените јазици од пожарите кои некои координирано ни ги палат во Македонија“.

Оваа приказна не само што открива храброст, туку и сила на простување, човечност и вистинска посветеност кон доброто.

Mia Home Mavrovo