Никол Шерцингер повторно покажа зошто е модна икона и зошто публиката не може да ѝ одолее. Додека се подготвуваше за своето појавување во популарната емисија „The View“, папараците ја уловија на улиците на Њујорк – опуштена, но беспрекорно дотерана.

Пејачката, која последната година ги освојува сцените со својата улога во театарската верзија на „Sunset Boulevard“, носеше впечатлива креација на брендот „Brandon Maxwell“. Темниот корсет-фустан со длабоко деколте и асиметричен крој дополнително го нагласуваше нејзиното затегнато тело и долги нозе, кои ги откриваше шлицот до бут.

Фановите се воодушевени од изгледот на Никол, коментирајќи дека не ѝ требаат скапоцени детали за да изгледа совршено – нејзината харизма, вкус и самодоверба се доволни за да ги освои сите. Шерцингер уште еднаш потврди дека со стилот и шармот секогаш доминира каде и да се појави.
