ПРВ.мк
Македонија

Запалени инсекти шират оган кај Штип – Шумар сведочел како скакулец во пламен запалил ново жариште

Запалени инсекти шират оган кај Штип – Шумар сведочел како скакулец во пламен запалил ново жариште
Escape

Редок и застрашувачки феномен ги загрижи пожарникарите во регионот на Штип: скакулци и тврдокрилци во пламен се пренесуваат од едно жариште во друго, пренесува МИА. Според Весна Сенева од ЈП „Национални шуми“, еден од шумарите сведочел дека скакулец, целосно обвиткан со оган, прелетал на блиско стрниште и запалил ново жариште, кое за среќа било навреме изгаснато.

Пожарот кој попладнево повторно се разгоре на планината Серта, меѓу селата Селце и Драгоево, е привремено задржан со тракторски пресеци, а екипите на терен се насочени кон сртот и воениот полигон Криволак. Но и покрај тоа, постои реална опасност од појава на нови жаришта – не поради класични искри, туку поради роеви запалени инсекти кои, како што вели Сенева, „летаат преку огнената линија и ја пренесуваат ватрата во зелени подрачја кои досега беа безбедни“.

На терен се две противпожарни возила од ТППЕ-Штип и пет на ЈП „Национални шуми“, а екипите ќе дежураат цела ноќ. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека селата Селце и Драгоево моментално не се загрозени, но чадот веќе стигнал до Штип, носен од вечерниот ветер.

Mia Home Mavrovo