Секторот за внатрешни работи Тетово поднел кривична пријава против 59-годишниот М.М. од Република Албанија, осомничен за измама. Според информациите, во текот на 2024 година тој довел во заблуда двајца жители на Тетово, уверувајќи ги дека ќе им отвори фирма во странска држава.
За наводното средување на потребните документи, пријавениот наплатил вкупно 11.000 евра. Полицијата го документирала случајот и против него ќе се води постапка за стореното кривично дело.