ПРВ.мк
Македонија

Непоканет гостин уништи пчелните семејства во манастирот Св. Никола кај Прилепец – управата бара помош

Непоканет гостин уништи пчелните семејства во манастирот Св. Никола кај Прилепец – управата бара помош

Пчелните семејства во манастирот Св. Никола близу Прилепец, кои беа обновени со средства од самиот манастир, викендов претрпеа голема штета поради непоканет гостин – мечка која слегла од планината и се движи во овој регион. Управата на манастирот преку видео објавено на социјалните мрежи информираше за сериозната штета што мечката ја направила, уништувајќи ги речиси сите пчелни сандаци.

Тие исто така посочија дека случајот е пријавен и во полицијата и во ловечкото друштво, но засега не добиле никаква конкретна помош за справување со проблемот. Ова е веќе четврти пат како пчелните семејства во манастирот се оштетени, а загриженоста е голема бидејќи постои ризик и за безбедноста на управата и посетителите, кои може да се најдат блиску до мечката.

Управата апелира за итна интервенција и поддршка за да се заштитат пчелните семејства и луѓето во околината.

Извор: Маркукуле

Escape