Вечерва во 22:17 часот, во западните делови на Република Македонија беше почувствуван земјотрес со епицентар во Р. Грција, на околу 200 километри југозападно од Скопје.
Според податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, локалната Рихтерова магнитуда (ML) изнесува 4.0.
Интензитетот на земјотресот на територијата на Македонија е проценет на III степени според Европската макросеизмичка скала, што значи дека потресот бил забележлив за луѓето, но без пријавени штети.


















