ПРВ.мк
Македонија

ЕКСКЛУЗИВНО за ПРВ.мк: Наши граѓани се вратија дома со лет од Дубаи обезбеден од државата (ВИДЕО)

ЕКСКЛУЗИВНО за ПРВ.мк: Наши граѓани се вратија дома со лет од Дубаи обезбеден од државата (ВИДЕО)
Kristal

Во време кога кризата и воените тензии на Блискиот Исток сериозно го отежнаа авионскиот сообраќај, авион на FlyDubai, чиј лет го плати државата, денеска успешно слета во Скопје по поаѓање од Дубаи, носејќи дома и многу наши граѓани кои не можеа да се вратат во државата.

Станува збор за ексклузивно видео што пристигна до редакцијата на ПРВ.мк, а кое го прикажува моментот на слетувањето на авионот на скопскиот аеродром. Во услови кога патувањата од овој регион беа исклучително тешки, а враќањето за многумина речиси невозможно, ова пристигнување добива уште поголемо значење.

Според информациите со кои располагаме, со овој лет назад биле вратени и наши жители кои поради состојбата на теренот и нарушениот воздушен сообраќај не можеле да најдат начин безбедно да се вратат дома. Токму затоа, овој лет за многумина значел спас и конечно враќање кај своите семејства.

ПРВ.мк ексклузивно го објавува видеото од пристигнувањето на авионот во Скопје, во момент кога вниманието на јавноста е насочено кон случувањата на Блискиот Исток и последиците што кризата ги остава врз секојдневниот живот на луѓето. 

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ЦЕЛОТО ВИДЕО ТУКА

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo