Мајката Марина М. (49) и нејзината ќерка Валентина М. (25) загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска во близина на Шабац.
Несреќата се случила околу 14:30 часот кај местото Корман Поље, а според првичните информации, се сомнева дека до трагедијата дошло при престигнување.
Мајката и ќерката се наоѓале во автомобил „Голф 6“ и починале на самото место од здобиените повреди.
Во другото возило, „Ауди“, биле маж и жена кои се здобиле со повреди и биле пренесени на лекување во болницата во Шабац.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а за случајот е известено Основното јавно обвинителство во Шабац.























