Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека силите на САД целосно ја поразиле иранската морнарица и воздухопловни сили во текот на воените операции на Блискиот Исток.
Во изјава за телевизијата Еј Би Си, Трамп рече дека „целата иранска морнарица“ била потопена, односно 44 ирански бродови. Тој додаде дека уништени се и авијацијата и системите за противвоздушна одбрана на Иран.
– Ги нокаутиравме сите нивни воздухопловни сили… Нивните противвоздушни системи се исчезнати. Тие немаат апсолутно никаква одбрана, изјави Трамп.
Овие тврдења доаѓаат во услови на ескалиран конфликт меѓу САД, Израел и Иран, со зголемена загриженост од регионална широка ескалација.


















