ПРВ.мк
Топ Вести

Страв во Киев: Зеленски загрижен за новата војна - еве од што се плаши!

Страв во Киев: Зеленски загрижен за новата војна - еве од што се плаши!
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека продолжувањето на конфликтот на Блискиот Исток може да доведе до намалено внимание и поддршка за Украина од страна на нејзините партнери.

Во изјава пренесена од „Украинска правда“, Зеленски посочи дека се надева оти конфликтот нема да трае долго, нагласувајќи дека секој изгубен човечки живот претставува трагедија. Тој истакна и дека засега не се гледа напредок во мировните преговори.

Според него, доколку во првите денови не се постигне прекин на огнот или траен мир, постои ризик конфликтот да се пролонгира, што директно би се одразило и на ситуацијата во Украина.

„Помал фокус значи помалку поддршка. Помала поддршка значи помалку воздушна одбрана“, рече Зеленски, потенцирајќи дека ваквиот развој на настаните може да влијае на снабдувањето со системи за противвоздушна одбрана.

Тој додаде и дека Русија, според украинските информации, му помага на иранскиот режим, но дека точниот обем на таа помош не е целосно познат. Зеленски посочи дека е позитивно што Иран, според достапните податоци, не успеал да ѝ обезбеди на Русија ракети и друго оружје што би можело да се користи во нападите врз Украина.

Украинскиот претседател најави и дека експерти за пресретнување беспилотни летала ќе пристигнат на Блискиот Исток следната недела.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo