ПРВ.мк
Македонија

(Фото) Со ружи и солзи радосници: Ова е бројот на Македонци кои безбедно се евакуирани од ОАЕ!

(Фото) Со ружи и солзи радосници: Ова е бројот на Македонци кои безбедно се евакуирани од ОАЕ!
Kristal

На Меѓународниот аеродром Скопје вечерва пристигнаа 151 патник – македонски државјани кои претходно престојувале во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно биле евакуирани и вратени во земјата.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, информираше дека процесот на евакуација бил целосно координиран од Министерството, во соработка со другите надлежни институции.

„Вечерва на Меѓународниот аеродром Скопје пристигнаа 151 патник, како дел од групата македонски државјани кои престојуваа во Обединетите Арапски Емирати и кои успешно и безбедно беа евакуирани и вратени во државата“, изјави Муцунски.

Тој додаде дека операцијата ја потврдува подготвеноста на институциите брзо и координирано да реагираат во услови на кризни ситуации.

Според најавите од Министерството, во наредните денови се очекува да биде завршена и евакуацијата на останатите македонски државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја на Блискиот Исток.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo