Премиерот Христијан Мицкоски ги повика сите жртви на насилство да ги пријавуваат инцидентите и да не ги повлекуваат поднесените пријави, нагласувајќи дека само така институциите можат да реагираат.
„Сите жртви на насилство да пријават, да не ги повлекуваат пријавите за да може системот да реагира“, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Тој додаде дека повлекувањето на пријавите го оневозможува институционалното постапување. „Ако жртвата на насилство – било тоа булинг од најрана возраст или семејно насилство – ја повлече пријавата, не постои систем во светот кој би можел да реагира“, истакна Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека пријавувањето и истрајноста во постапката се клучни за спречување на понатамошни последици од насилството.


















