ПРВ.мк
Економија

Време за разлика: Мицкоски најавува нови 17 инвестиции - ова е бројот на новите работни места!

Време за разлика: Мицкоски најавува нови 17 инвестиции - ова е бројот на новите работни места!
Kristal

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес најави вкупно 17 инвестиции во државата со вредност од околу 650 милиони евра, кои треба да создадат до 5.000 нови работни места. Според него, овие инвестиции се веќе почнати, се во фаза на реализација или се во процес на договарање со државна поддршка.

Мицкоски истакна дека економијата е клучна тема за партијата и дека нивната борба е да се донесе свеж капитал во државата. Тој нагласи дека реалниот економски раст во првите шест квартали на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ изнесува 3,5%, за разлика од растот од 2% во првите шест квартали на претходната влада на СДСМ и ДУИ.

„Тоа се бројки кои покажуваат разлика: додека другите шират паника и играат со емоциите на луѓето, ние работиме за да ја подобриме економијата и условите за нашите сограѓани“, изјави Мицкоски.

Според него, најавените инвестиции ќе придонесат за значително зајакнување на индустриските и развојните капацитети преку ТИРЗ зоните, со директно влијание врз создавање на нови работни места и економски раст.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo