ПРВ.мк
Топ Вести

Трамп го постави условот за новиот лидер на Иран - ова мора да го прифатат!

Трамп го постави условот за новиот лидер на Иран - ова мора да го прифатат!
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот врховен лидер на Иран мора да добие одобрение од САД, во спротивно „нема да трае долго“.

– „Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје“, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.

Иран претходно објави дека е избран нов врховен лидер на местото на ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади врз Техеран, но неговото име сè уште не е официјално објавено.

Иранските претставници реагираа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат, мислејќи на претходните коментари на Трамп. Американскиот претседател претходно изјави дека изборот на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е неприфатлив за Вашингтон.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo