ПРВ.мк
Топ Вести

САД СО ЈАСНА ПОРАКА: Ќе го елиминираме Иран еднаш засекогаш - што значи ова за светот?

САД СО ЈАСНА ПОРАКА: Ќе го елиминираме Иран еднаш засекогаш - што значи ова за светот?
Kristal

Американските власти порачаа дека САД ќе ја елиминираат заканата што Иран ја претставува за Блискиот Исток, во услови на интензивирање на воените операции во регионот.

Амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Валц, изјави дека целта на операциите е отстранување на „заканата која постои веќе 47 години“. Тој нагласи дека резултатите од првата недела од конфликтот се значајни, наведувајќи дека иранските воздухопловни сили биле сериозно ослабени, системите за противвоздушна одбрана уништени или онеспособени, а дел од морнарицата потопена – при што повеќе од 40 бродови наводно завршиле на дното на морето.

Валц додаде дека американската администрација ја води оваа операција со цел заштита на американскиот народ и сојузниците на САД, оценувајќи дека постои непосредна закана од Иран за стабилноста на регионот.

Изјавата доаѓа во момент кога конфликтот на Блискиот Исток се заострува, со серија ракетни и воздушни напади меѓу Иран, Израел и нивните сојузници, што ја зголемува загриженоста од можност за поширока регионална ескалација.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo