ПРВ.мк
Свет

Аларм во САД: Источниот брег се подготвува за нов снежен удар - еве што ги очекува граѓаните наредните денови!

Аларм во САД: Источниот брег се подготвува за нов снежен удар - еве што ги очекува граѓаните наредните денови!
Kristal

Нова силна снежна бура му се заканува на источниот брег на Соединети Американски Држави, при што на одредени локации, вклучително и Њујорк, се очекува снежна покривка од над 30 сантиметри, соопшти Националната метеоролошка служба.

По силната зимска бура кон крајот на јануари, големите градови во североисточниот дел на земјата – Филаделфија, Бостон и главниот град Вашингтон – повторно се подготвуваат за интензивни снежни врнежи и бурни ветрови.

Според прогнозите, во Бостон може да наврнат меѓу 30 и 60 сантиметри снег. Метеоролозите предупредуваат дека патиштата може да станат речиси непроодни, а постои и ризик од прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во сојузните држави Делавер и Њу Џерси се очекуваат и поплави поради комбинацијата од снег и силен ветер.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека се очекуваат меѓу 33 и 43 сантиметри снег, со можност количината да достигне и 50 сантиметри или повеќе. Тој ги повика жителите да останат дома и да избегнуваат патувања, предупредувајќи дека утринското движење може да биде исклучително опасно.

Кон крајот на јануари, делови од САД беа погодени од силна зимска бура која, според информациите на властите, однесе повеќе од 100 животи.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo