ПРВ.мк
Скопје

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автобус прегази жена!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Автобус прегази жена!

Вчера во 07:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Маџари“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Р. (56), удрил во 78-годишната М.П., двајцата од Скопје.

Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.