Велес и Македонија добиваат најсовремена атлетска патека изградена според ИААФ стандарди, со што значително се унапредува спортската инфраструктура во градот.

Денеска во Велес беше извршен увид во градежните работи за комплетна реконструкција на атлетската патека на градскиот стадион, во присуство на градоначалникот Марко Колев и надлежните.

Проектот претставува инвестиција вредна околу 20 милиони денари и предвидува изградба на модерна атлетска патека со пет ленти, изведена според највисоките меѓународни стандарди.
Од надлежните се истакнува дека со оваа инвестиција се создаваат подобри и побезбедни услови за тренинг и натпревари за спортистите, рекреативците и младите.
Особено се нагласува дека по подолг период на чекање, атлетичарите од АК „Борец“ – Велес конечно добиваат современи услови за работа и развој.
Со оваа инвестиција, како што се посочува, продолжуваат вложувањата во спортската инфраструктура со цел унапредување на спортот и поддршка на младите генерации.










