Она што требаше да биде нова златна ера за Реал Мадрид, се претвори во вистински кошмар. Иако Алваро Арбелоа пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ со огромни очекувања како наследник на Чаби Алонсо, статистиката и резултатите му пресудија по само неколку месеци. Мадридските медиуми веќе не штедат зборови – Арбелоа е на излезна врата!
Бројките не лажат и тие се брутални кон актуелниот стратег. Додека Чаби Алонсо на 34 натпревари запиша само 6 порази, Арбелоа успеа да го надмине тој негативен рекорд за многу пократко време. Тој веќе има 7 порази на само 22 натпревари, што е алармантен податок за клуб со реномето на Реал.
Дополнително, „Кралскиот клуб“ моментално се наоѓа во црна серија:
- 4 натпревари без победа (киксови против Мајорка, Баерн и Жирона).
- Ваква криза не е видена од 2018 година, кога Хулен Лопетеги доби експресен отказ по слична резултатска катастрофа.
Иако победата над Манчестер Сити во Лигата на шампионите му купи малку време, трпението на Флорентино Перез е потрошено. Како негов најверојатен наследник се споменува звучно име: Маурисио Покетино.
Поранешниот предводник на Тотенхем и ПСЖ, кој моментално е селектор на САД, одамна е желба на мадридскиот гигант. Неговото искуство во водењето на големи ѕвезди се гледа како единствено решение за излез од бездната.
Шпекулациите велат дека тој можеби ќе остане во клубот, но ќе биде префрлен во младинските категории или на административна позиција. Едно е сигурно – неговите денови на жешкото столче во првиот тим се одбројани.
Реал Мадрид не трпи просечност, а навивачите веќе го бараат „новиот генерал“ кој ќе го врати кралскиот сјај на теренот.










