ПРВ.мк
Балкан

ВОЗЕЛА 22 КИЛОГРАМИ КОКАИН СО ТРИ ДЕЦА ВО КОЛА: Оваа порака ја оддаде кај царинарниците!

ВОЗЕЛА 22 КИЛОГРАМИ КОКАИН СО ТРИ ДЕЦА ВО КОЛА: Оваа порака ја оддаде кај царинарниците!

Невработена економска техничарка М.Р. (40), државјанка на Словенија и Словачка, била уапсена на 15 февруари минатата година на граничниот премин Бајаково, откако цариниците во автомобил „ренџ ровер“ со словенечки таблички пронашле 22 килограми кокаин и два пиштоли „глок“. Во возилото со неа се наоѓале и три деца и куче.

За време на судењето во хрватските Винковци, таа се обидела да се одбрани тврдејќи дека не знаела што има во автомобилот и дека патувала кон Нови Сад за да ја посети својата тетка.

Сепак, клучен доказ била пораката што ја испратила до својот поранешен партнер во моментот кога била запрена на граница: „Најдоа, ова е крај“. Тој ѝ одговорил: „Само молчи, ништо не знаеш“.

Од тој ден таа е во притвор, а сега е осудена на шест и пол години затвор за неовластено производство и трговија со дрога, како и за избегнување царински надзор.

При апсењето ѝ биле одземени 590 евра, кои по правосилноста на пресудата ќе преминат во државниот буџет. Теренецот со кој управувала е трајно конфискуван, еден мобилен телефон ќе биде уништен, а ќе мора да плати и повеќе од 4.000 евра судски трошоци.

Во текот на постапката, обвинетата прво ја признала вината, но подоцна го повлекла признанието. Тврдела дека била задолжена кај одредени лица кои ја натерале да пренесе „нешто мало“ во Србија, без да ѝ кажат што точно. Наводно ѝ се заканувале и ја присилиле да ги поведе децата со себе.

– Се плашев за децата, ми се закануваа – изјавила таа, додавајќи дека не знаела ниту за количината, ниту за тоа кому требало да ја предаде дрогата.

Судот не ѝ поверувал, особено поради пораката што ја испратила на границата, која укажувала дека била свесна за тоа што го превезува.

Дополнително, се утврдило дека автомобилот формално бил регистриран на пензионер – татко на нејзиниот партнер, кој изјавил дека нема никаква врска со возилото и не знае ништо за дрогата или оружјето.