Во Општина Бутел продолжуваат активностите за целосна реконструкција и уредување на уличната инфраструктура, соопштија надлежните од општината.

Извршен е увид во градежните работи на улиците во населбата Радишани, каде веќе се започнати активности за реконструкција на нови улици. Од општината нагласуваат дека инвестициските активности се одвиваат со засилена динамика и дека опфатени се повеќе населени места.

Како што се наведува, целта е рамномерен развој и подобрување на условите за живот за сите граѓани, без разлика на населбата во која живеат.
Во рамки на проектот се предвидува асфалтирање и реконструкција на околу 70 улици, со вкупна инвестиција од 150.000.000 денари. Надлежните истакнуваат дека градежната офанзива ќе продолжи и во останатите населени места опфатени со планот.
Од општината порачуваат дека инвестициите во патната инфраструктура се еден од приоритетите за подобрување на урбаниот развој и секојдневното функционирање на граѓаните.










