ПРВ.мк
Скопје

Бутел се обновува: Нов лик на улиците низ општината!

Бутел се обновува: Нов лик на улиците низ општината!

Ветувањата кон граѓаните се реализираат со конкретни проекти на терен. Во општина Бутел интензивно се спроведуваат активности за реконструкција и асфалтирање на улиците, со што значително се подобрува инфраструктурата.

Станува збор за улици кои со години биле запоставени, а сега за првпат добиваат целосна обнова. Градежните работи се одвиваат со засилено темпо, со јасна цел – подобри услови за живот и побезбедно секојдневие за жителите.

Општината продолжува со рамномерен развој на сите населени места, вложувајќи во проекти што носат видливи и долгорочни резултати.

Најнови вести