Премиерот Христијан Мицкоски денеска нагласи дека европските интеграции остануваат врвен приоритет за државата, но дека патот кон нив мора да биде достоинствен, а не „срамен“. Тој истакна дека со нетрпение го очекува предлогот за црвените линии во преговорите со Бугарија, инициран од претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и дека додека е на чело на Владата, нема да дозволи никакви игри со овие прашања.
Мицкоски потенцираше дека неговиот фокус е и на европско образование, среќни земјоделци, работници со добри услови за работа, инвестиции и висок животен стандард. „Мојот сон и сонот на мојата генерација е вистинско европско образование, земјоделци и млади кои остануваат дома, пензионери кои уживаат во своите години, силна економија и еден од водечките животни стандарди во Европа. Денес сме исправени пред времиња што бараат храброст и одлучност. Мора да го направиме вистинскиот избор – изборот на работа, изборот на заедништво, изборот на иднина за нашите деца“, рече Мицкоски.