ПРВ.мк
Македонија

Алијансата на Таравари го откри кумот на коцкањето – Меџити во центарот на скандалот

Алијансата на Таравари го откри кумот на коцкањето – Меџити во центарот на скандалот

Крилото на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, јавно го прозива првиот вицепремиер Изет Меџити за состојбата со казината и обложувалниците во државата. Според партијата, новиот Закон за коцкање всушност ја зајакнал моќта на коцкарските олигарси, додека Меџити е означен како „кумот на коцкањето“.

„Со најновите измени е отстранет и единствениот аргумент што го користеа Меџити и неговата клика. Сега повторно е возможно онлајн коцкање од приватни субјекти, точно како порано“, се наведува во соопштението.

Откако беше во опозиција, Меџити ветуваше затворање на казината и обложувалниците кои, како што велат од Алијансата, ги уништуваат илјадници албански семејства. Денес, пак, реалноста е сосема поинаква – секој ден се отвораат нови точки за коцкање, додека молчењето и изговорите не можат да ја сокријат вистината.

Алијансата за Албанците повикува владата веднаш да преземе мерки за ограничување и контрола на коцкањето, нагласувајќи дека граѓаните заслужуваат влада која се грижи за семејствата, а не лидери кои ветуваат едно, а прават спротивно.

Escape