ПРВ.мк
Спорт

Бугарски медиуми во шок: „Северна Македонија ја предводи групата – уште еден срам за нас“

Бугарски медиуми во шок: „Северна Македонија ја предводи групата – уште еден срам за нас“

Весникот „Стандарт“ од Бугарија го третира успехот на македонската фудбалска репрезентација како „срам“ за бугарскиот тим, по убедливата победа на Македонија над Лихтенштајн и враќањето на врвот на групата Ј во квалификациите за Светското првенство.

Македонија е лидер во групата со 11 бода, пред фаворитите Белгија и Велс, додека Бугарија без бодови се наоѓа на дното на својата група Е, со порази од Шпанија (3:0) и Грузија (3:0).

„Стандарт“ цитира и поранешниот голман Пламен Илиев, кој изјавил: „Секој може да победи секого, но ние не можеме никого“, алудирајќи на црната серија од десет натпревари без победа за Бугарија.

Весникот со тешкотии прифаќа дека „земји како Северна Македонија се лидери во својата квалификациска група“, што го нагласува контрастот со состојбата на бугарскиот национален тим.


Escape