На 7 септември 2025 година околу 21 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишија од слобода 27-годишниот Л.Т. од Р. Италија на паркинг простор на Средно Водно.
При преглед кај него бил пронајден хашиш. Против него е поднесена кривична пријава по итна постапка, а судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор во КПУ Скопје.