По големиот пожар во фабриката на Винчини во Виница, пожарникарот и лидер на хуманитарното здружение „Подај рака, спаси живот“, Александар Георгиевски од Штип, го информира јавноста дека сите повредени се стабилни и никој не е сериозно загрозен.
Хоспитализираните лица во болницата во Кочани се:
- Кристијан Атанасов – пожарникар од Свети Николе (ТППЕ Свети Николе)
- Дејан Јаневски – менаџер за продажба во Винчини од Виница
- Станко Спасов – поранешен командир на Виница кој волонтерски помогнал на лице место
- Александар Георгиевски – пожарникар од ТППЕ Штип
Георгиевски истакна дека сите единици, волонтери и доброволци се бореле со пожарот чесно и посветено, и посочи дека персоналот на Кочанската Општа болница се однесувал професионално и посветено, за што изрази огромна благодарност.
Вкупно 18 лица биле пренесени во болницата, дел останале во Кочани, а дел препратени на клиники во Скопје, сите во стабилна состојба.