Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи вечерва околу 20:45 часот кај месноста Крива Круша, во близина на Пехчево.
Несреќата се случила кога возилото се превртело и излетало од патот. Повреденото лице било извлечено од екипи на Територијалната противпожарна единица Берово и со брза интервенција пренесено од екипа на Итна медицинска помош, потврди командирот на ТППЕ Берово, Димитар Гошевски.
Сообраќајот на овој потег во моментов се одвива со наизменично пропуштање на возилата, под контрола на сообраќајната полиција.
Од полицијата најавија дека повеќе детали за несреќата ќе бидат соопштени во текот на вечерта.