ПРВ.мк
Македонија

Министерот Алиу откри: Еве колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

Министерот Алиу откри: Еве колку фабрики за марихуана останале без лиценца!
Kristal

Министерот за здравство, Азир Алиу, во емисијата КОД откри дека од досега процесираните десет компании со лиценци за одгледување медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање на нивните лиценци.

Алиу појасни дека институционалната процедура е во тек и дека веќе се подготвува материјал за седница на Владата, на која формално ќе се покрене постапката за одземање на шесте лиценци. „Од десетте компании кои се процесирани, шест немаат исполнето условите предвидени и строго дефинирани со закон. Ние веќе сме во постапка за да на седницата во вторник формално се покрене одземањето на лиценците“, истакна министерот.

Причините за постапката се различни, вклучувајќи нерегистрирано производство, неисполнување на законските услови за работа и други пропусти. Сепак, Алиу нагласи дека процесот сè уште не е завршен и дека конечните заклучоци ќе бидат донесени по детални анализи. „Правната служба ги прегледува законските и подзаконските акти за да обезбедиме јасен правен основ за постапката“, додаде тој.

Покрај тоа, министерот најави измени во правилниците за одгледување медицински канабис, со цел да се зајакне контролата и да се обезбеди поголема транспарентност во работењето на компаниите. Засега имињата на компаниите не се објавуваат, бидејќи постапката е во рана фаза, а институциите работат на целосно утврдување на фактите и правните основи.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo