ПРВ.мк
Македонија

Септември носи шок во времето: Жештина до среда, а потоа грмежи и невреме

Септември носи шок во времето: Жештина до среда, а потоа грмежи и невреме

Македонија продолжува да биде под влијание на топла воздушна маса од југ, што ја одржува температурата натпросечно висока за овој период од годината. Во текот на целата седмица, температурите ќе се движат меѓу 25 и 33 степени, а во Скопје и околината ќе достигнат и до 32/33 степени.

Времето претежно ќе биде сончево со умерена облачност. Сепак, повремено и локално се очекува појава на повеќе облаци. Од четврток (11 септември) следува промена – попладневните часови ќе донесат нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме.

Овие временски неприлики ќе се почувствуваат и во Скопскиот регион, каде што се прогнозираат поројни дождови и силни грмежи, проследени со засилен ветер.

До тогаш, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец, но вистинската промена во временската слика ќе започне со четврток, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Escape