На 16 септември, кога се одбележуваат шест месеци од трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, каде животот го загубија 62 млади луѓе, вклучително и пет штипјани, Градскиот плоштад во Штип ќе стане место на сеќавање и почит.
Во чест на загинатите, во 20 часот ќе се запалат свеќи, а во 20:30 ќе се создаде „ѕвездено небо“ како симбол на светлина која продолжува да светли и во најмрачните моменти. На социјалните мрежи организаторите порачаа:
„Да им испратиме порака, да им испратиме светлина за да видат дека не се заборавени! Штип не заборава! Кочани, заедно сме со вас! Да се обединиме сите во чест на нашите ангели и да ги вклучиме светилките од мобилните телефони!“
Овој настан е потсетник на трагедијата и одраз на солидарноста и љубовта на заедницата кон младите кои го загубија животот.