Ноќеска на улица „Бихаќка“ во Скопје се случи необична сообраќајна несреќа, непосредно пред Министерството за внатрешни работи. Околу 01:00 часот по полноќ, тротинет удрил велосипедист, кој се здобил со повреди и бил пренесен во болница.
Возачот на тротинетот веднаш по инцидентот избегал од местото на настанот, што ја отвори дебатата за безбедноста на електричните тротинети во сообраќајот. Само пред неколку дена, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, истакна дека и тој бил на работ да биде удрен од деца кои управувале со тротинет.
Надлежните органи веќе преземаат мерки за расветлување на случајот и идентификација на возачот кој избегал.