ПРВ.мк
Македонија

8 Септември – денот кога Македонија стана независна: 34 години државност и суверенитет

8 Септември – денот кога Македонија стана независна: 34 години државност и суверенитет

Денот на независноста, 8 Септември, е еден од најзначајните државни празници во Македонија. Тој го симболизира историскиот момент кога македонскиот народ ја потврди својата волја за самостојна, суверена и независна држава.

На 8 септември 1991 година беше одржан референдум на кој убедливи 95% од граѓаните кои излегоа на гласање одговорија со „ДА“ на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“

Од вкупно 1.495.626 гласачи со право на глас, на референдумот излегоа 1.132.981 граѓанин или 71,85%. Од нив, огромното мнозинство – 1.079.308 граѓани, односно 95,09% од излезените – се изјаснија за самостојна и независна Македонија. Извештајот на Комисијата за спроведување на Референдумот потврди дека целиот процес се одвил без неправилности и приговори.

Овој историски чин беше круна на претходните политички процеси, меѓу кои Декларацијата за независност, усвоена на 25 јануари 1991 година од првиот повеќепартиски македонски парламент.

Со тоа, Македонија стана суверена држава, отварајќи ново поглавје во својата историја. Денес, 34 години подоцна, 8 Септември останува симбол на единството и стремежот на македонскиот народ кон слобода и самостојност.

Escape